НАЈНОВО

ВестиСвет

Возете внимателно низ Австрија, земјата ги зголеми казните

Австрија од 1. мај ги зголеми казните за возачите на автомобили и другите моторни возила. Австриската телевизија ОРФ потсети дека некои казни се драстично зголемени во однос на претходните.

Разговор на телефон или пишување на порака додека возите, сега ќе се наплаќа двојно и ќе изнесува 100 евра, наместо досегашните 50.

Тие кои сакаат да платат казна на лице место, ќе мора дополнително да платат 140 евра после пријава на сообраќаен прекршок.

Министерката за сообраќај на Австрија, Леонора Гевеслер, смета дека оваа одлука ќе придонесе за развој на свеста на возачите. Минатата година во земјата се казнети 130.540 возачи поради недозволена употреба на мобилните телефони.

Исто така се зголемува и казната за некористење на заштитниот појас, и од 35 евра се зголемува на 50 евра. Истата казна важи и за неносење заштитна кацига при управување на мотоцикл.

Поврзани новости