НАЈНОВО

СпортФудбал

Во гробница од 32 ката ќе почива Пеле, а истата има 16.000 гробови, кафуле и водопад

Меморијалот Некропол Екуменица е бразилска гробница лоцирана во Сантос, во бразилската држава Сао Паоло.

Нејзината изградба започна во 1983 година, а првиот погреб беше одржан на 28 јули 1984 година. Гробиштата се високи 32 ката, зафаќаат вкупно 1,8 хектари земја и имаат околу 16.000 гробници.

Денес, овие гробишта зафаќаат речиси 4.108 метри квадратни и содржат 14.000 гробни сводови. Постојат крипти, сервисни простории, крематориум, мавзолеј , а во истата има дури и тропска градина со водопад и мало кафуле на покривот. Можеби најнеобично, на имотот има и музеј на класични автомобили.

Некрополата ја доби и титулата во Гинисовата книга на рекорди во 1991 година за највисоки гробишта во светот.

На 9. кат на овие гробишта ќе почива бразилската фудбалска легенда Пеле.

Да потсетиме, последната желба на легендарниот фудбалер беше да биде погребан на деветтиот кат на гробиштата во родниот Сантос.

Поврзани новости