НАЈНОВО

БалканВести

Во Грција воведена казна од 100 евра ако пиете вода додека возите

Казна од 100 евра и одземање на возачката дозвола во период од еден месец е казната, што може да им биде изречена на возачите во Грција ако пијат вода додека управуваат со возилото.

Мерката е донесена поради фактот дека при отворање на шишето со вода води до тргање на рацете од воланот, што може да доведе до сообраќаен инцидент.

Според законските одредби во Грција, возачот е должен да гарантира дека има целосна слобода во однос на движењето на своите раце за да може да ги извршува неопходните маневри.

Иако хидратацијата на организмот е важна, особено при високи температури, сепак бидете внимателни додека патувате со автомобил и одлучите да пиете вода.

Поврзани новости