НАЈНОВО

КултураНастани

Во Офицерски дом отворена изложбата на Стојан Апчевски

Синоќа во Свечената сала на Офицерски дом при КИЦ Битола, беше отворена поставка на делата на битолскиот сликар Стојан Апчевски, кој е починат пред неколку години, а има оставено голем број на дела.

На отворањето на изложбата присуствуваа бројни пријатели, почитувачи, уметници и вљубеници во ликовната уметност дојдоа да одат почит кон овој велик ликовен уметник, што докажува дека битолчани се уште се сеќаваат на него.

На присутните им се обрати директорот на КИЦ Битола, Лили Бошевска, а со посебно видео обраќање од САД, се обрати наследникот на уметникот, внуката Паула Апчевска благодарение на која беше можно поставување на оваа поставка.

За значењето на творештвото на Апчевски осврт даде ликовниот критичар Владо Ѓоревски.

Поврзани новости