НАЈНОВО

ВестиМакедонија

Времето денеска: Наутро многу студено, преку денот сончево со мала облачност

Сончевото и студено време ќе се задржи и во следните два дена, а в недела, според УХМР, ќе има услови за провејување на слаб снег, претежно на планините
Денеска нè очекува сoнчево, но студено време, особено во утринските часови. Ќе дува слаб ветер главно од источен правец, а можна е мала облачност во текот на денот, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури во земјава ќе се движат во интервал од -6 до -15 степени Целзиусови, а максималните ќе бидат од -4 до 7 степени.

Сончево и студено време денеска се очекува и во Скопје каде. Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец, а температурите во главниот град ќе се движат од минимални -8 до максимални 3 степени Целзиусови.

Сончевото и студено време ќе се задржи и во следните два дена, а в недела, според УХМР, ќе има услови за провејување на слаб снег, претежно на планините.

Поврзани новости