НАЈНОВО

Македонија

Времето денеска: Променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, известија од УХМР. Попладне особено во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 12 степени, а дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претежно попладне со повремен дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер.

Максималната дневна ќе стигне до 21 степен.

Следува период на променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд. Во вторник процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследени со пороен дожд и силен ветер, а потоа нестабилноста ќе се намали.

Поврзани новости