НАЈНОВО

Македонија

Времето денеска: Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи, особено претпладне, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 7 до 18 степени, а максималните ќе се искачат од 17 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен дожд во претпладневните часови. За попладне, пак, УХМР најавува сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурите во Скопје ќе се движат од минимални 17 до максимални 26 степени.

Поврзани новости