ВестиМакедонија

Времето денеска: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата наутро ќе биде од -1 до 6, а во текот на денот од 9 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде 3, а дневната 16 Целзиусови степени.

И утре времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Утре температурата ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.

Поврзани новости