НАЈНОВО

КиноКултура

Германскиот филм за деца „Макс и бесната дружина“ во 3 Д кино Битола

Детскиот германски филм „Макс и бесната дружина“, во режија на Винфрид Елснер, од денес ќе игра во повеќе киносали низ републиката.

Станува збор за крими-авантуристички семеен филм по сценарио на Винфрид Елснер и Лиса Мари Дикрајтер. Филмот имаше премиера на фестивалот „Блек најтс“ во Талин во 2020 година и беше номиниран за награда. Улогите ги толкуваат Јона Ајзенблетер, Уши Глас, Мариа Хаалмер, Томас Тиме, Стела Брикнер, Алвара Хефелс, Нина Петри, Лео Ницка.

Во продолжение погледнете што стои во описот за содржината на филмот на официјалната страна на 3Д кино Битола:

,,MAX & THE WILD BUNCH

Вашиот нов дом во вистински замок – можете ли да замислиш нешто покул? Деветгодишниот Макс може. Затоа што замокот Геролдсек е дом за стари лица полн со збрчкани баби и дедовци. Но, тој сега живее во замокот за мајка му, која е медицинска сестра и самохран родител, да може да работи ноќни смени. Тој е единствено дете меѓу сите овие стари…

Но, Макс наскоро се спријателува со дел од постарите жители на домот: актерката Вера, фудбалскиот тренер Хорст и истражувачот Килијан, заедно попознати како Бесната дружина. Макс исто така забележува дека нешто чудно се случува во старите ѕидови на домот. Изгледа дека мистериозен крадец краде скапоцености од собите на жителите среде бел ден. Меѓу осомничените е и мајката на Макс, на која и се заканува отказ. Макс ги здружува силите со Вера, Хорст и Килијан за да го изведе вистинскиот крадец пред лицето на правдата.”

Датуми на прикажување
Петок: 20.01.2023. 18:30
Сабота: 21.01.2023. 18:30

Поврзани новости