НАЈНОВО

БалканВести

Граѓаните палат свеќи пред училиштето, во кое ученик уби 8 ученици и чуварот

Цела Србија и регионот денеска ја потресе веста за невидената трагедија што се случи во ОУ „Владимир Рибникар“ кога момче (14) влегло со оружје и ги застрелало учениците, чуварот и наставничката.

Во престрелката загинаа осум ученици и еден работник од училишното обезбедување, а повредени се шест деца и еден учител.

Многу познати личности преку медиумите и социјалните мрежи се огласија за пукањето што се случи утрото, во кое загинаа осум деца и училишниот чувар.

Многу луѓе се збогуваат со децата и портирот кои загинаа во престрелката, додека се молат за побрзо закрепнување на повредените.

Голем број граѓани положија цвеќе и запалија свеќи на местото каде што беа изгаснати девет животи.

Да потсетиме, во пукотницата што се случи во основното училиште „Владимир Рибникар“ во Врачар, загинаа осум деца и еден обезбедувач, додека шест деца и еден наставник се ранети на кои им е укажана помош во Ургентниот центар и во болницата Тиршова. Шефот на белградската полиција Веселин Милиќ откри дека момчето го планирало масакрот еден месец, објави српски Курир.

Поврзани новости