НАЈНОВО

БалканВести

Далмација отсечена од Хрватска – снег и ветер од 150 км на час направија хаос – еден патник загинат

Далмација осечена од остатокот од Хрватска, посебно Лика и Горски Котар, кои ги погоди интензивни врнежин од снег, силен ветер и предизвикааа целосен колапс на сообраќајот. Утрово, нема слободен патен правец за ниту една група возила од Далмација кон внатрешноста и обратно.

Возила за чистење на снег се на патиштата, но голем број луѓе се се уште заглавени. Затоа беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн. На терен се и спасувачите од Хрватска горска служба кои помагаат да се извлечат заглавените од снегот.

Хрватските медиуми пренесуваат дека најмалку 25 возила ја игнорирале забраната и влегле во затворениот дел од автопатот А1 кај тунелот Свети Рок. Поради ова тие се заглавени во снегот и екипите се обидуваат да ги извлечат. На истиот автопат, се излизгал автобус со албански регистраски таблици. Еден од десетте патници загинал, а другите се повредени и пренесени во болница во Карловац.
Покрај снегот, возачите ги мачи и силен ветер, кој дува со брзина од околу 150 километри на час и на моменти предизвикува ефект на вистинска снежна бура. Во земјата е вклучен црвен метео аларм.

Во поголем дел од земјава е претежно облачно, во внатрешниот дел се уште паѓа снег, а долж Јадранот врне дожд и дува силен ветер.

Според последните информации, во метеоролошката станица Госпиќ се измерени 70 сантиметри снег.

Најавите на хрватските служби се дека снегот ќе паѓа и во текот на денот, особено во Горски Котар и Лика, а долж Јадранот се очекуваат врнежи од дожд.

Поврзани новости