НАЈНОВО

ЖивотПсихологија

Два збора кои никогаш не треба да ги кажете за време на расправија со партнерот

 

,,И си живееа среќно до крајот на животот” е можеби само измислица која постои во бајките. Во реалноста секоја врска доживува свои успони и падови, а расправии се неопходни за да функционира една здрава двојка. Освен во бајките, всушност нема парови каде романтиката е секојдневие и каде што нема предизвици.

Во случај на несогласувања, важно е да останете присебни за да можете да се соочите еден со друг без претерување. Во љубовта, комуникацијата сè уште е мајка на сите доблести. Ако лесно се збркате, особено кога ќе се најдете среде расправија, добро е да внимавате на вашиот јазик за работите да не одат во несакана насока.

Кои два збора никогаш не треба да ги кажете за време на расправија со партнерот?

Имено, според експертите за врски, постојат два збора кои апсолутно треба да ги избегнувате за време на расправијата за сето тоа да не заврши лошо.

Тоа се зборовите „секогаш“ и „никогаш“ кои се сметаат за неконструктивни бидејќи го нагласуваат проблемот давајќи му уште подраматичен пресврт. Тие имаат тенденција да додадат „конечен“ или дури „неотповиклив“ карактер на реченицата. Другата страна тогаш веднаш почнува да се брани, а расправијата не оди никаде.

Како што истакнува терапевтот за парови Тара Грифит во колумна за Хафингтон пост, кога тие зборови се придружени со заменката „ти“, тоа ја продлабочува незгодноста. Таа сподели типичен пример за „кец во ракав“ за да не ја влошите веќе напнатата ситуација: „Вчера се чувствував повредено и запоставено кога не ги остави работите пред да дојдат нашите гости, како што те замолив да направиш. Следниот пат навистина би сакала да ми помогнеш“.

Наместо „секогаш“ и „никогаш“, попаметно е да се користат прилози што ја одредуваат зачестеноста на настаните: како што се „понекогаш“, „често“, „ретко“ или „малку“.

Поврзани новости