НАЈНОВО

Битола инфо

Деветта масовна крводарителска акција во просториите на “Евротип”

Во текот на утрешниот ден од 9 до 13 часот бидете дел од деветтата по ред крводарителска акција во организација на десетте битолски фирми Evrotip, GOLD Slot Club, КС Сервис, Gold Felicia Cabaret, P2P.mk, JK Travel, BV Business Group, MintIns, Premium Safety Solution, SN Finance.

Од организацијата на овие фирми ги повикуваат своите вработени, како и сите граѓани кои сакаат да даруваат крв, да дојдат во канцелариите на Евротип, кои се наоѓаат на адреса “Булевар први мај – 344” (кај поранешна кланица), од страната на реката Драгор и да учествуваат во акцијата.

После реализацијата на крводарителската акција, собраните крвни единици ќе бидат дистрибуирани во Трансфузиологија при Клиничката болница во Битола.

Поврзани новости