НАЈНОВО

ВестиМакедонија

Денеска е Преподобен Теодор Трихин

Православните христијани денеска го одбележуваат денот на Преподобен Теодор Трихин. Се родил во Цариград, во семејство на богати родители.

Уште како момче ги презирал богатството и почестите и се повлекол од светот во еден тракиски манастир. Покрај другите подвизи, избрал да спие исклучиво на камен и носел само една груба наметка. Подоцна Бог го надарил со дар на чудотворство. Тој дар Бог му го остави и после неговата смрт од неговите мошти истекуваше миро преку кое се исцелија многумина. Преподобен Теодор се упокои во 400 година.

Поврзани новости