Македонија

Денес е голем празник: Се слави споменот на Светите Првоврховни Апостоли Петар и Павле – Петровден

Денес православната црква го слави споменот на Светите Првоврховни Апостоли Петар и Павле, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости.

Свети апостол Петар: Апостол Петар е роден во Витсаида, северно од Галилејското езеро, во семејство на рибарот Јона. Првото име му било Симон. Името Петар (Petrus, од грчкиот збор πετρος – скала, карпа) му го дал Исус Христос. Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен. Петар бил оженет и заедно со својот брат Андреј, првиот Исусов апостол, работел како рибар. Андреј бил оној кој го повикал Петар да се приклучи да го следи Исус. Пред сите други, тој е посочен како лидер (или карпа) на Христијанството од страна на Господ – улога што нашироко му била признаена во раноцрковниот период. Петар бил еден од најомилените апостоли на Исус Христос.

Кога дошле во Гетсиманската градина да го уапсат Исус Христос римјаните, тој жестоко се спротиставил на тоа. Но, подоцна и три пати се откажал од делото на Христос, за кое подоцна се покајал. Како верен Христов ученик Петар бил со својот учител во многу прилики во кои не биле другите апостоли како на пример Преображението, при воскреснувањето на Јаировата ќерка и сл. Петар предложил да биде избран нов апостол на местото од Јуда кој по предавството се обесил. Затоа што бил голем поборник на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да се пресметаат со него. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим.Тогаш таму владеел Нерон, голем безбожнок и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зошто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос туку да го распнат со главата надолу.

Егзекуторите така и направиле и на 12 јули во 61 година светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на Христијанството е и апостолот Павле. Затоа светата Христијанска црква споменот на овие двајца апостоли го слави во ист ден. Апостол Петар го ширел и проповедал христијанството во различни држави, а најпрвин во Палестина и Мала Азија, Илирија и Италија пред да стане римски папа од 43 до 68 година. Во 42 година, Петар бил уапсен од страна на Ирод Агрипа I во Ерусалим, каде по само неколку денови успеал да побегне во Антиохија, денешна Сирија. По неговата триесета година заминал за Рим.

Тогаш на чело на империјата владеел Нерон, голем безбожнок и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Апокрифот “Петровите Писма“ кажуваат дека Свети Петар бил распнат на крст поставен наопаку, бидејќи никој не заслужувал да умре на истиот начин како што умрел Исус Христос. Според друга легенда, Свети Петар пробал да побегне од Рим, а по патот го сретнал самиот Исус Христос, на кој го прашал: “Каде ќе одиш, Господару?“, а на тоа Исус му одговорил: “Одам во Рим за повторно да ме распнат“. На тоа самиот Петар се предомислил и веднаш се вратил во Рим прифакајќи да стане маченик.

Свети апостол Павле: Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарсус (старогрчки: Σαούλ (Соул), Σαῦλος (Сулос), и Παῦλος (Павлос); латински: PaulusилиPaullus; хебрејски: שאול התרסי Šaʾul HaTarsi (Сол од Тарсус ) е еден од најважните светци во проповедењето и распространувањето на христијанство. Познат како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на Свети Павле се текстовите од Новиот Завет. Роден е во Тарс во Киликија (денешна Турција) во еврејско семејство. Неговото име на хебрејски јазик е Саул (Савел, Савле).

Во исто време се здобил и со римско државјанство. Пораснал во Ерусалим. Се занимавал со изработка на шатори. Од рабинот Гамалиел бил учен на фарисејството, студент интересирајќи го Талмудот а станал и еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа прогонувањето на христијаните и убиството на Свети Стефан, кое го одобрувал и самиот Павле. Христијанските текстови оделуваат големо значење во преминувањето на Апостол Павле во христијанската вера.

Во Библијата се раскажува дека на пат кон Дамаск тој видол необична светлина од која тој ослепил и го слушнал гласот на Господ од небото, кој му рекол: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш? Јас сум Исус, којшто ти го прогонуваш“. Тој настан бил преврт во неговиот живот, прекрстувајќи се во Дамаск и станувајќи еден од најголемите проповедници на христијанството. По враќањето во Ерусалим, во почетокот неговите истомисленици се сомневале во него, неверувајќи му. На своето прво мисионерско патување, бил испратен од страна на Барнаба, кој претходно го внесол во заедницата на Ерусалимската црква.

Проповедал во Антиохија, Киликија, Кипар, Ефес, Атина,Македонија, Коринт и Шпанија. Обично за Свети Павле се споменуваат четири мисионерски патување, со кој тој првин во саботите влегувал во синагога за да на евреи|евреите им го сподели евангелие|евангелието, но кога почнале евреите да не го прифаќаат и не го пуштаат во нивните храмови, тој им се обраќал и на поганите. Во 67 година, Свети Павле бил осуден на смрт и погубен во Рим. Од овде се смета дека Свети Павле бил римски државник бидејќи само римските граѓани биле егзекутирани на таков начин.

Според христијанската митологија, со смртта му настапиле големи чуда. Пресечената глава на апостолто продолжувала да го слави името Господово, а на местото каде што паднала се отвориле три извора, односно на местото на денешниот манастир “Три Фонтани“ кај Рим. Во неговите посланија, кој се составен дел на Новиот Завет, Свети Павле одговара на проблемите на христијаните, на проблемите околу црква|црквата со другите религии, средбата со Исус Христос, потоа со Апостол Петар и останатите апостоли во Ерусалим, за неговото мачење, затварање и прогонување.

Тропар (Глас 4): Првопрестолни меѓу апостолите и учителите на вселената, молете Го Владетелот на сите, да и даде мир на вселената, а на нашите души – голема милост.

Поврзани новости