НАЈНОВО

ЗабаваЗанимливости

Десетици шпански плажи го забранија пушењето цигари

Вкупно 28 шпански плажи го забранија пушењето цигари за да се намали нивното штетно влијание.

Плажите, кои се во Мајорка, Ибица и Менорка, ќе функционираат како непушачки зони. Се очекува промената да доведе и до намалување на отпадот од цигарите во морето и на плажите. Минатата година биле донесени слични мерки во Барселона.

Според некои медиуми, туристите нема да бидат казнети доколку се фатени како пушат на плажите, но ќе бидат предупредени со знаци дека не смеат да пушат.

Според шпанското Министерство за здравје и потрошувачка, главната цел на кампањата е да се создаде мрежа на „здрави“ плажи на кои ќе се промовира здравиот живот.

Изминатата година шпанските власти вовеле казна од 30 евра за туристите што ќе пушат на некои познати туристички плажи.

Поврзани новости