НАЈНОВО

ВестиМакедонија

ДЗС денеска ќе донесе одлука за смена на македонските спасувачки тимови во Турција

Дирекцијата за заштита и спасување најави дека денеска ќе се донесе одлука за смена на македонските спасувачки тимови кои оперираат во Труција. Од дирекцијата велат мисијата е исцрпувачка, резервите на храна, вода и друга логостика брзо се трошат.

Вчерашниот ден нашите спасувачки тимови го одбележаа со уште една успешна акција во која беше спасено десетгодишно девојче кое под урнатините успеа да преживее седум дена.

За Телма за целиот настан просведочи тетовскиот алпинист Надир Мурсели кој заедно со турските спасувачки тимови учествува во акциите во Караманмараш.

Поврзани новости