НАЈНОВО

ЖивотПсихологија

Доколку сте ја изгубиле мотивацијата и волјата, еве кои прашања треба да си ги одговорите

Се чувствувате ли како да сте ја изгубиле мотивацијата, волјата, а и вербата? Доколку одговорот на ова прашање е позитивен, би требало да ги завртите работите и да го погледнете проблемот од друга перспектива.

Така, најпрво замислете си дека веќе сте остареле, поминале години од овој момент сега и запрашајте се што е она што би го заклучиле за оваа ситуација во која се наоѓаге? Што зборува таа особа кон вас и каков совет може да ви даде.

Поставете си ги и овие прашања и не се нурнувајте во бездната на негативните емоции, стравот, депресијата и демотивацијата веднаш, без ни најмалку борба. Разгорете го тој мал пламен кој наѕира и спасете се. Затоа што вие не заслужувате да сте таму.

 

– Кој/а сум јас?

– Кои се моите очекувања?

– Ако мојот живот е книга, што го спречува да има среќен крај?

– Што правам јас овде? Ги гледам другите, се лутам кон светот? Но, дали јас се гледам себе си? Само гледам или правам нешто? Време ли е заакција и каква акција?

– Од што треба да се ослободам? Која е мојата кочница?

– Каков човек бев, каков сакав да бидам и каков сум сега? Ги имам ли сеуште истите очекувања или имам нови планови?

– Време ли е да ги средам ,,рафтовите”, да ги исчистам ,,полиците”, да направам простор за нови идеи. Или можеби е време за една: Да го разгорам пламенот почнувајќи од малку. Само едно чкорче е доволно за да се предизвика ,,пожар”!

Поврзани новости