Економија

Доларот стабилен, цените на нафтата благо паѓаат

На девизните пазари во понеделникот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути е стабилна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,85 поени, приближно исто како и во петокот на затворањето на тргувањето.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 159,80 на 159,70 јени. А во однос на европската валута доларот стагнира, па цената на еврото се движи околу 1,0695 долари, исто како во петокот навечер.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, откако минатата седмица пораснаа за околу 3 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,15 отсто, на 85,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 80,55 долари.

Поврзани новости