НАЈНОВО

ЖивотПатувањa

Дубаи го укинува данокот на алкохол за да привлече повеќе туристи

Дубаи го укина данокот на алкохол од 30 отсто за да го поттикне туризмот. Исто така, ќе прекине да наплатува за личната дозвола за алкохол, која секој што има намера да пие мора да ја има со себе.

Веќе некое време, Дубаи ги олабави законите со тоа што дозволи продажба на алкохол преку ден во текот на месецот Рамазан и дозволуваше испорака до дома за време на пандемијата.

Последниот потег се смета за обид да се направи градот попривлечен за странците со цел да се постигне поконкурентна позиција во однос на соседите.

Двете главни компании за дистрибуција на алкохол соопштија дека намалувањето на даноците ќе има влијание и врз цената што ја плаќаат клиентите.

Не е јасно дали потегот, кој стапи на сила во вчера, на 1 јануари, ќе биде постојан.

Дубаи историски успева да привлече повеќе туристи и богати странски работници отколку своите соседи, делумно поради неговата толеранција за полиберален начин на живот.

Но, сега се соочува со зголемена конкуренција од ривалите кои го развиваат нивниот угостителски и финансиски сектор.

Немуслиманите во Дубаи мора да имаат најмалку 21 година за да пијат алкохол и да имаат дозвола за алкохол, пластична картичка издадена од полицијата.

Додека баровите и ноќните клубови ретко бараат да се покажат картичките, оние кои консумираат алкохол без оваа дозвола може да се соочат со парични казни или апсење.

Поврзани новости