НАЈНОВО

ЗабаваШоубиз

,,ЕГЗИТ“ изгласан во топ 5 фестивали во светот!

Најголемиот музички фестивал во нашиот регион, „ЕГЗИТ“ е изгласан за 5-ти најдобар фестивал во светот, објави еден од водечките светски музички медиуми „Диџеј Маг“ (DJ Mag)Повеќе од 100.000 луѓе од целиот свет гласаа за своите омилени фестивали, а „Егзит“ се најде пред гигантските настани како што се „Гластонбери“, „Коачела“, „Брнинг Мен“, „Лолапалуза“, „Сигет“, „Авејкенингс“ и многу други!

Со ова признание уште еднаш се потврдува глобалниот углед на ‘Егзит’, кој веќе над две децении важи за еден од најпрестижните фестивали на светот. Посебно е значаен фактот дека листата е формирана исклучиво со гласови од публиката ширум планетата“, изјави основачот и директор на „ЕГЗИТ“ фестивалот Душан Ковачевиќ.

Гласањето за најдобрите фестивали траеше од 5 до 26 октомври 2022 година. На прво место е белгискиот „Тумороуленд“, по него следуваат американските „Ултра Мјузик“ и „ЕДК Лас Вегас“, а потоа британскиот „Кримфилдс Норт“.

Едно од главните обележја по кои „Егзит“ е познат во светот е фамозната Денс Аренакоја важи за водечка сцена на електронската музика во светот. Голем придонес даваат и „Но Слип Нови Сад“ бината, која доби и свој повеќекратно наградуван фестивал, како и низата помали бини кои две децении ја промовираат електронската музика. „ЕГЗИТ“ беше домаќин на највозбудливите имиња на електронската музика во последните 20 години, а многу од нив редовно се наоѓаат на „ДЈ Маг“ листата на најдобри диџеи.

На фестивалската листа на „ДЈ Маг“, покрај „Егзит“, се најдоа и уште неколку фестивали од регионот, како што се „Антолд“, „Хајдаут“, „Сонус“, „Ултра Јуроп“. Овогодишните резултати од гласањето се објавуваат по тригодишна пауза, а „ЕГЗИТ“ беше на „ДЈ Маг“ листата и во 2019 година. 

Овој британски магазин со тридецениска традиција е основан како месечник посветен на електронската музика и како таков се дистрибуира во повеќе земји во светот, меѓу кои се С.А.Д., Шпанија, Франција, Италија, Кина, Холандија, а негов заштитен знак се токму споменатите топ-листи.

Поврзани новости