НАЈНОВО

ЗабаваЗанимливости

Експертите предвидуваат: Ова се најпопуларните имиња за деца во 2023 година

Имињата за бебиња постојано влегуваат и излегуваат од мода, па затоа е важно да се избере име со кое детето може да расте, објаснуваат стручњаците. Британски „Мирор“ ги пренесува предвидувањата за најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во 2023 година.

„Изминативе години, нашите предвидувања се покажаа како едни од најточните, ако не и најточните предвидувања за имињата на интернет. Од 2018. до 2021 година, 95 отсто од времето ги погодуваме имињата, што е фантастично“, се вели во написот.

Најбарани британски, но и светски женски имиња би биле: Оливија, Ема, Амелија, Шарлота, Ава, Софија, Мија, Изабела, Евелин, Луна.

Според предвидувањата, кога станува збор за машки деца, најбараните имиња во Велика Британија и ширум светот, ќе бидат: Лијам, Ное, Оливер, Џејмс, Илајџа (што, со македонското име Илија, има исто, хебрејско потекло), Хенри (Андреј), Вилијам, Лука, Бенјамин, Теодор (Тодор). (МИА)

Поврзани новости