НАЈНОВО

СпортФудбал

Зидан не го сака Нејмар во ПСЖ

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, за кој се шпекулира дека потпишал договор со Пари Сен-Жермен, сака да се ослободи од Нејмар, тврди „Todofichajes“.

Според шпанскиот спортски портал, Зидан очекува клубот да го продаде Бразилецот во летниот преоден рок.

Планот на Зидан е во Париз да до донесе напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле.

Нејмар е во ПСЖ од август 2017 година, а неговиот договор со клубот истекува на крајот на сезоната 2024/25. Откупната клаузула на напаѓачот е 75 милиони евра.

Поврзани новости