НАЈНОВО

ЖивотПсихологија

Избегнувајте ги – 4 зборови кои влијаат на самодовербата

Зборовите можат да отворат и заторат врати, можат да создадат и да рушат. Зборовите имаат моќ, ве опишуваат, влијаат на другите, менуваат животи. Избегнувајте фрази кои негативно влијаат на самодовербата!

Еве неколку зборови што не треба да ги користите ако сакате да ја зголемите вашата самодоверба:

„Ќе се обидам”

„Ќе се обидам да го направам тоа до следниот состанок“. Во овој контекст, „ќе се обидам“ значи „не сум сигурен дали ќе успеам“. Направете го тоа сега, ведна, одма. Не чекајте наредни прилики и искористете го моментот, не само постојано да се „обидувате“.

Исто така, луѓето кои се навикнати да ги задоволуваат другите велат „Ќе се обидам“ наместо „не“.

„Можеби”

На пример – „Можете ли да го направите тоа до петок?” Ваквото прашање го буди внатрешниот аналитичар во секоја личност. Размислуваме што треба да направиме и дали имаме слободно време да завршиме дополнителен проект.

Парадоксално, кога ви недостасува самодоверба, не можете да кажете не. Обично велите „можеби…“ надевајќи се дека тонот на вашиот глас ќе ја натера личноста да се повлече. Самоуверената личност едноставно ќе каже „не“.

„Никогаш”

На пример, „Никогаш нема да го сработам тоа“. Самодовербата е тесно поврзана со креативноста. Тоа е реализација на фактот дека сте способни да генерирате идеи, отворени сте за нови можности и подготвени да се потпрете на тоа, дури и ако сè уште нема одговор.

Оттука и фразата „Никогаш нема да успеам“. покажува дека нема да барате решенија и дека сте отсутни. На овој начин се блокирате на патот до успехот.

„Што ако”

Во ред е да се анализираат ситуациите и да се има доза на претпазливост, но сосема е погрешно секогаш да се гледа на она што е следно во негативно светло. Кога сè оди според планот, не се прашувајте „што ако нешто тргне наопаку“.

Ова само ќе ви донесе стрес и вознемиреност.

Поврзани новости