НАЈНОВО

Настани

Изложбата “Encounter” од Анита Јовеска Сот во Прилеп

Вечер …од 1963
Дома КУЛТУРА

КУЛТУРА
Изложбата “Encounter” од Анита Јовеска Сот во Прилеп
Од страна на Вечер -25/05/2023 – 12:4916
Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп на 26 мај од 19 ч. ќе биде отворена изложбата “Encounter” од Анита Јовеска Сот.

Изложбата ја пренесува енергија која длабоко никнува од нескротливата природа на ликовите, полни со жед за живот и динамика.

“Нивната појава вибрира со контраст на бојата и суптилна хармонија на композицијата, постепено бранувајќи ја перцепцијата на посетителот. Користи широка палета на јасно вибрантни и контрасни бои. Жената тука е темел и има силна и емотивна надмоќност. Уметникот низ ликовите ни открива една мистерија преку нивниот поглед и вешто не носи пред огледало, на повторна средба со себе, во една друга димензија и време, покажувајќи ни друго ЈАС. Низ творештвото Анита Сот ја искажува лирично и раскошно својата суштинска и автентична потреба за создавање“, се вели во најавата за изложбата.

Анита Јовеска(Сот) е академиски сликар, родена прилепчанка, која дипломира на Националната Академија за уметност во Софија, Р.Бугарија 2008год, отсек плакат и визуелни комуникации. Encounter(“Повторна средба”) е нејзина трета самостојна изложба. Има изложувано на многу групни изложби и учествувано на ликовни колонии низ Македонија и во странство. Нејзини дела се во приватни колекции и галерии во Германија, Холандија и Италија. Активен и постојан член е на ДЛУП. Живее и работи во Прилеп како професор по ликовна уметност.

Поврзани новости