НАЈНОВО

ЗабаваЗанимливости

Истражувањата докажуваат: Колку лица можеме да запаметиме во текот на животот

Научниците од Универзитетот во Јорк, по спроведеното истражување, откриле дека способноста на луѓето да препознаваат им овозможува да обработат илјадници лица со кои се среќаваме секој ден.

Луѓето ги препознаваат своите пријатели, колеги, семејството, соседите, јавните личности и многу други луѓе на кои наидуваат во текот на животот по нивните лица.

Но, на колку лица се сеќаваме во текот на животот?

Психолозите побараа од учесниците во студијата да наведат што е можно повеќе лица што ги знаат од нивната околина. По првата листа, беше составена и втора, на која имаше список на лица кои учесниците ги препознаа, иако тие лица лично не ги познаваа.

На крајот, опсегот на бројот на лица на кои учесниците можеа да се сетат беше голем – од илјада до десет илјади.

Според психолозите, просечниот човек во текот на својот живот препознава околу 5.000 лица.

Експертите веруваат дека оваа бројка би можела да биде почетна точка за првиот речник за човечко лице, кој би помогнал во развојот на софтвер за препознавање лица. Таквиот софтвер се користи на аеродроми и во истраги за криминал.

Резултатите од спроведеното истражување претставуваат важен чекор кон подобро разбирање на случаите на замена на идентитетот.

Мозокот има неограничен капацитет да учи зборови и јазици, единствените ограничувања можат да бидат учење, вежбање и мотивација. Опсегот на бројот на лица што учесниците во истражувањето можеа да ги препознаат ги надминува можностите на нашите предци, кои познаваа едвај неколку десетици луѓе во својот живот.

Сепак се уште нема соодветно објаснување како ја развивме оваа способност.

Поврзани новости