НАЈНОВО

АвтомобилиЖивот

Кои бои на автомобили најдобро ги прикриваат гребаниците?

Трендовите во автомобилската индустрија често се менуваат, а боите не се исклучок. Според последниот извештај, белата е најпопуларна боја во светот со застапеност од 34%. По нив следат црната (21%) и сивата (19%), а дури потоа следуваат сребрена и сина со учество од 8%.

Ако ја погледнеме само Европа, трендовите се малку поинакви. Европа е единствениот континент каде сивата боја е најпопуларна, со учество од 27%. На второ место е црната боја (22%), а само на трето е белата боја (21%), која го држи првото место во рангирањето на популарноста на сите други континенти.

И додека се очекува дека црната е првиот избор на луксузните автомобили, донекаде е изненадувачки што белата е најпопуларна боја во сегментот SUV.

Посветлите нијанси повеќе простуваат

Општо прифатена е идејата дека темните, а особено црните автомобили изгледаат поелегантно, но сопствениците за тоа плаќаат висока цена поради потребата постојано да се мие и полира автомобилот. Да не зборуваме дека на ваква кола секое, дури и најмало оштетување, веднаш паѓа во очи.

Според неодамнешниот годишен извештај на Axalta, навистина излегува дека оштетувањата и гребаниците на автомобилите се најмалку видливи на светлите нијанси. Белата боја и светлите нијанси на сиво на сонце подобро ја кријат нечистотијата, но и помалите гребнатини. Темните нијанси, особено црните, не поднесуваат ни најмала количина прашина.

Боја на годината

Axalta избира и боја на годината. Во текот на 2022 година, тоа беше нијанса на Royal Magenta, која го нагласува луксузот со висока доза на елеганција. За 2023 година изборот падна на нијансата Techno Blue која има за цел да го нагласи ритамот на денешниот животен стил, но и преминот од реалниот во виртуелниот свет.

„Овогодинешната боја е живописна и зрачи со позитивност“, рече Хади Авада, виш потпретседател за глобална мобилност во Axalta.

Поврзани новости