НАЈНОВО

Здравје

Крвната група нулта најмногу ги привлекува комарците

Дали некогаш сте забележале дека комарците каснуваат некои луѓе почесто од другите? Тоа до одреден степен зависи и од крвната група. Секоја крвна група има одредени карактеристики. Понекогаш таа го зголемува ризикот од добивање одредена болест, а постојат теории дека крвната група дури ги одредува нашите карактерни црти. Крвната група дури може да определи колку интензивно ќе нѐ каснуваат комарците.

Досега се направени некои истражувања што покажаа дека станува збор за крвната група нулта. Меѓутоа, експертите проценуваат дека зачестеноста на каснување од комарци зависи од многу фактори. Комарците можат да бидат привлечени и од други фактори.

Мирис: комарците можат да бидат привлечени од мирисот на вашето тело.

Боја: одредени бои што ги носите можат да бидат привлечни за комарците. Тековните истражувања покажуваат дека најмногу ги привлекуваат црните или темните бои.

Консумација на алкохол: луѓето што консумирале алкохолни пијалаци може да бидат попривлечни за комарците.

Бременост: комарците исто така покажаа дека особено се привлечени од трудниците.
Комарците можат да пренесат сериозни болести, па затоа е важно да се заштитите од нив, без разлика на крвната група и други фактори.

Поврзани новости