НАЈНОВО

Рецепти

Крем чорба од спанаќ, вкусна и здрава

Состојки:

1/2 кг спанаќ
2 компири
2 кромид
3 чешниња лук
1 јајца
3 лажици павлака
малку масло
сол по вкус
1 шолја млеко
1 лажица брашно

Подготовка:

Спанаќот исчистете го, сварете го во солена вода и исцедете го. Заедно згответе ги компирите, кромидот и лукот. Спанаќот, компирот и кромидот испасирајте ги во блендер.

На масло пропржете го брашното, па истурете ја водата во која се свариле компирите и кромидот. Додадете го пасираниот зеленчук, посолете и варете околу 15 минути.

Јајцето се мати со млекото, се додаваат една или две лажици чорба, се матат, па се зачинува чорбата со него. Гответе уште пет минути, па кога ќе биде готова супата, додадете и павлака и послужете.

Поврзани новости