НАЈНОВО

Моја кујнаРецепти

Лазања со зеленчук и три вида сирење – Рецепт инспириран од италијанската кујна

Тестенините потекнуваат од Италија. Нивната уникатна кујна е вистинска зависност за многумина, а доколку се пронаоѓате во оваа група и истовремено сте љубител на зеленчук, прочитајте го рецептот подолу.

Состојки:

– околу 600 гр тиквички

– 50 гр путер

– 1 лажичка сув билен зачин

– 1 лажичка бел пипер

– 12 листови лазањи

– 100 гр горгонзола

– 50 гр моцарела

– 15 гр пармезан

– сол

Бешамел:

– 50 гр путер

– 50 гр брашно

– 1 литар млеко

– 1 лажичка сув билен зачин

– 1 лажичка бел пипер

– сол

Подготовка:

Измијте ги тиквичките и исечете ги по должина на тенки ленти

Пржете ги на путер, посипете ги со суви билки, посипете со бибер и извадете ги од шпоретот.

Варете ги лазањите во солена вода околу три минути, во која сте додале неколку капки масло за да не се залепат листовите.

За бешамелот:

Во путерот лесно испржете го брашното. Постепено додавајте го топлото млеко со постојано мешање додека не добиете мазна, густа смеса. Додадете суви билни зачини, бибер и сол доколку е потребно.

На дното на огноотпорен сад ставете малку бешамел, наредете ред лазањи, премачкајте ги со бешамелот, тиквичките, ренданата моцарела и сечканата горгонзола.

Врз тоа ставете ги листовите лазањи и повторете ја постапката, така што на последниот лист за лазањи ставете ги бешамелот, ренданото сирење и пармезанот.

Се пече околу 25 минути во рерна загреана на 220 степени.

Пријатен апетит!

Поврзани новости