Младиот битолчанец Лука Дамчевски го пронајде светиот крст во осветените води во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.
Тој има 15 години и за прв пат скокаше по светиот крст.
Голем број верници денеска беа присутни во Соборниот храм каде со светата литургија чиноначалствуваше владиката Петар.
Присутен беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.