НАЈНОВО

ЖивотПатувањa

Луксузно сместување на Бали во авион претвроен во хотел – Цената е вистинска „ситница“

Рускиот претприемач Феликс Демин купи напуштен Боинг 737 на Mandal Airlines, па наскоро посетителите на Бали ќе можат да престојуваат во „вила“ која е всушност преправен авион Боинг 737, а ноќевањето во овој луксузен објект ќе чини 7.367 долари.

Авионот сега е во процес на пренамена во „вила“ со две спални соби. Има и тераса на врвот на крилото и простран базен.
Овој објект ќе биде достапен за посетителите од март годинава. Ќе станува збор за минималистички дизајн и уживање во бањата во поранешната пилотска кабина.

Проектот е веќе наведен како достапен за изнајмување, со ноќевање од околу 7.367 долари, објави Business Insider. Биле потребни седум дена за да се премести авионот на новата локација, откако беа добиени сите дозволи во септември 2021 година.

Авионот бил преместен на два пати во два различни дела пред повторно да се состави на новата локација. Додека трупот на авионот останал во иста форма, кокпитот и системите за летање биле отстранети за да се направи простор за се што може да биде потребно.

Имено, оваа луксузна вила, се наоѓа на врвот на карпа во близина на 1,5 километарската плажа Najang Najang, во близина на познатата дестинација за сурфање Улувату.

Поврзани новости