НАЈНОВО

ЖивотМода и убавина

Марго Роби во бајковит фустан на Шанел на Златниот глобус: Погледнете ја креацијата за чија изработка биле потребни 750 часа

Овој фустан инспириран од Стариот Холивуд бараше над 750 часа макотрпна работа од занаетчиите на Шанел – користејќи светло розова чипка шантили, шеврон свилен тул, украсен со светки, мониста и пердуви.

Покрај нејзиниот неверојатен талент и убавина, благодарение на кои постигна бројни улоги (вклучувајќи ја и Барби минатата година), Марго Роби на светот му е позната и како заштитно лице на модната куќа Шанел.

Маргот блесна на црвениот тепих во безвременски розов фустан на Шанел украсен со кристали, а сиот тој раскош беше сосема оправдан – затоа што беше номинирана за најдобра актерка во мјузикл и комедија, за улогата во филмот Вавилон. Нејзиниот последен момент на Шанел е тематски Стар Холивуд – има мотив за појас, како и обемно здолниште кое потсетува на плисирани фустани од 1920-тите.

Таа го стилизираше гламурозниот фустан со обетки од дијамант од бело злато од Шанел од 18 карати, брош и прстен. Со брановидна коса и црвен кармин, Маргот не престана да се насмевнува како олицетворение на спојот на стариот и новиот Холивуд.

Поврзани новости