Битола инфо

Матеа Христовска од Битола на World Next Top Mоdel 2023 освои титула за најдобро тело

Викендов во Бејрут, Либан се одржа изборот за World Next Top Model за 2023г.

Нашата држава ја претставуваше 18годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, која ја освои титулата за најдобро тело – MISS BEST BODY, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Победничка, односно World Next Top Model за 2023г е претставничката на Казахстан, Прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата Втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија.

Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут.

Матеа Христовска е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имаше голема поддршка на лице место во Бејрут.

Поврзани новости