НАЈНОВО

ЗабаваЗанимливости

Мистериозна уметничка создава извонредни портрети во локално кафуле

,,5 Minute Crafts” е добро познатат наслов под чии зборови се кријат видеа според кои можете да го поедноставите секојдневието. Со други зборови, сето тоа е слично на нашата рубрика ,,направи сам”, но ова видео збуни многумина, затоа што всушност ова не би рекле дека може секој да го умее.

Може ли секој да биде уметник?

Имено, станува збор за извонредна уметничка чиј идентитет не е откриен, а нејзиниот талент зборува за огромното искуство низ годините по што сега таа твори и создава совршени портрети во 2 – 3 чекори.

Интересно е што таа користи различни материјали од боици, шминки, работи со прстите користејќи ги како алатка за цртање наместо четка, со усните, талогот и течноста од кафето до различна хартија во боја. Алатките се се она што и се наоѓа при рака и што ја опкружува, па доволна е само желба за да се оствари маестрално уметничко дело.

Според експресионистичкиот пристап, би рекле дека зад интригантна девојка завртена со грбот, се крие некој див темпераментен, нескротлив дух и позитивна енергија која мора да е заразна затоа што не знае, а да не би се споделила.

Но, еден од коментарите под видеото заклучува дека ова не е нешто што не може секој да го нправи сам, паместото не е доодветно за на оваа страна. Навидум изгледа едноставно, но тоа е исукуство кое се креирало со години студиозен, теоретски и практичен пристап. Видеото може да го погледнете тука.

Поврзани новости