НАЈНОВО

Настани

Најбараниот комичар Никола Тодоровски оваа сабота во Прилеп

Најбараниот комичар Никола Тодороски повторно во Прилеп, меѓутоа овој пат премиерно со комичната стендап претстава со која постојано ги полни салите низ цела Македонија, и тоа по неколку пати!

“2 Mothers Brothers со Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски” претставува неверојатно квалитетен комичен проект, кој што опфаќа кабаре комедијата која трае час и половина, и истата комедија е исполнета до последна секунда со динамични авторски песни и преработки, и секако основа на се е комедијата. Комично музичко шоу кое користејќи го жанрот кабаре се исмева со се она што не опкружува во животот: политика, врски, вечната борба помеѓу мажи и жени..па дури и контрацепција во Брежани.

Неверојатна комедија збогатена со авторски песни и пеколни пародии на познати нумери.

НУЦК Марко Цепенков-Прилеп 27.05.2023 (сабота) Почеток 20 часот

Картите за кабаре стендап комедијата може да си ги резервирате на 078/ 66-77-97

Поврзани новости