Занимливости

Необична авиокомпанија: Билетите чинат до 8.000 евра, но главните патници не се луѓето

На пазарот на авио превозот се појави нова компанија – BARK Air, која се специјализира за превоз на кучиња и нивните сопственици кои се сместени во посебни кабини со врвна услуга.

Како што е најавено, во првата фаза од работењето, BARK Air ќе лета на линиите меѓу Њујорк, Лос Анџелес и Лондон, што засега е единствената интерконтинентална дестинација.

Извршниот директор на новата авиокомпанија, Мет Микер, изјави дека дошол до бизнис идејата по лошото лично искуство со транспортот на неговото куче.

– Не можев да патувам долги растојанија со него и дојдов до идеја дека треба да има авиокомпанија која се грижи за кучињата исто како и нивните сопственици – вели тој.

Микер исто така ја основа BarkBox, претплатничка услуга за производи за кучиња, која е во сопственост на Bark Inc.

– Ние му ја пружаме секоја услуга на кучето, обидувајќи се да ја намалиме нивната анксиозност и стрес, за да го имаат најудобното и најбестрашното искуство во авионот – вели тој.

BARK Air нуди спа центар за кучешки клиенти и мени.

Компанијата има намера да продаде 10 билети по лет за да направи место за 10 кучиња и нивните сопственици, иако луксузниот авион може да прими до 15 луѓе.

BARK Air ќе прифаќа кучиња од сите раси и големини во кабината.

Цената на билет во еден правец за куче и едно лице на релации во САД е 6.000 долари, додека меѓународен лет чини 8.000 долари.

Микер вели дека цените може да се намалат во иднина.

– Сега работиме со загуба. Идејата е да ги намалиме цените за нашите корисници со текот на времето и да ги намалиме деловните трошоци. Тоа ќе се случи со зголемување на бројот на летови и воведување на повеќе дестинации – вели Микер.

BARK Air размислува да додаде летови до Париз, Милано, Чикаго и Сиетл, како и сезонските дестинации во Флорида и Аризона.

Поврзани новости