Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер

0
Споделивања

Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бетика, ледената Македонка објави видео како се бања во водите на Ротинско Езеро, во пазувите на Пелистер.

Нутриционистката Бети Котовчевска на многумина им е позната како Бетика, ледената Македонка, затоа што ужива да се бања во ледени води. Студот не ѝ може ништо, па влегувала во вода и на -34 степени Целзиусови.

Минатата година нѐ изненади кога објави видео како се капе во ледена вода во Лапонија, а годинава покажа дека и кај нас има студени води, што досега таа не ги искусила.

Таа викендов објави кратко видео на кое се капе во Ротинското Езеро, кое се наоѓа во близина на битолското село Ротино, во пазувите на националниот парк „Пелистер“.

Бетика, облечена во костим за капење, мораше со секира да го искрши мразот на површината на вештачкото езеро, за да може да влезе во водата, а во позадина се гледа дека шумата од околу е прекриена со снег и наликува на пејзажите од зимските бајки или од сибирските предели.

„За првпат во Македонија искусувам вода од 1 степен Целзиусов“ – напиша Бетика, а во коментарите доби голем број пофални зборови и коментари.

 

 

 

Извор: Црно бело

0
Споделивања
Exit mobile version