ЖивотЗдравје

Објавени загрижувачки наоди за возачите кои страдаат од алергија, во ист ризик се како и пијаните

Истражувањето покажало дека возачите кои страдаат од акутни алергии на полен се потенцијално подеднакво склони на несреќи како и пијаните возачи бидејќи поради само едно кивање со брзина од 100 км/ч, возач може да вози наслепо до 30 метри, покажуваат податоците на германската агенција TÜV.

Иако одредени лекови можат да помогнат при симптоми како течење на носот и насолзени очи, експертите препорачуваат да се проверат интегрираните воздушни филтри во кабината кои ги задржуваат несаканите компоненти од воздухот како полен, прашина, бактерии или алергени однадвор.

Додека се нови, филтрите спречуваат поленот и прашината да навлезат во кабината на автомобилот, но филтрите кои не се сменети долго време може да се затнат и да станат почва за мувла и други спори. И антибактериските и фунгицидните премази на филтри престануваат да бидат делотворни по долг период на употреба. Затоа, новите филтри задолжително треба да се проверат веднаш штом концентрацијата на полен го достигне својот врв.

Експертите советуваат филтрите во автомобилите да се менуваат на секои 15.000 километри и додаваат дека дури и возачите кои не поминуваат толкава километража треба да ги променат барем еднаш годишно за да се гарантира нивната делотворност, препорачуваат германските експерти.

„Ова обично се прави како дел од техничкиот преглед“, вели техничкиот инспектор на TÜV, Винченцо Лука. Но, ако сте принудени секојдневно да возите низ области полни со полен, можеби ќе мора да го смените автомобилот.

Има само неколку модели на автомобили кои им овозможуваат на сопствениците едноставно сами да ги исклучуваат и да ги вклучат филтрите. Повеќето возачи ќе треба да го однесат својот автомобил кај механичар за замена.

Таканаречените мултифилтри со активен јаглен може дополнително да се вградат во многу модели на возила, иако таквата опција е нешто поскапа. Филтрите со активен јаглен, покрај поленот и прашината однадвор, штитат и од непријатни мириси и одредени загадувачи.

Ако страдате од поленска треска, обидете се да избегнувате паркирање под дрвја за време на сезоната на полен, инаку, кога ќе се вратите, вашиот автомобил може да биде покриен со цвеќиња што паѓаат од дрвјата и како последица на тоа, полн со полен.

За да ги сведите на минимум симптомите на алергија, треба да избегнувате директен контакт со полен. По престојувањето надвор, ставете ја јакната во багажникот на автомобилот за да не го префрлите поленот од јакната во кабината на возилото. Дополнително, најдобро е да ги држите затворени прозорците додека возите, како и подвижниот покрив, доколку автомобилот има таков.

Поврзани новости