НАЈНОВО

Балкан

Од денеска поскапи патарините во Хрватска

Од денеска поскапуваат патарините во Хрватска. Станува збор за сезонско поскапување кое не се применуваше во последните четири години.

Од 1 јули до 30 септември повторно ќе се воведат сезонските цени на патарините за возилата I.A, I. и II, додека за тешките возила (автобуси, камиони) цените на патарините остануваат исти, соопштија од Хрватски автопати (HAC).

„Сезонските цени на патарините беа воведени во 2017 година, но во последните четири години (за време и по кризата со КОВИД) не се применуваа, како една од мерките за поддршка на граѓаните и стопанството во туристичката сезона. Потсетуваме дека со влезот на Република Хрватска во еврозоната, HAC ја заокружи конверзијата на цената на патарините на една децимала, со што им овозможи на корисниците да добијат пониски цени. На пример, ако патарината при конверзијата беше 20,17 евра, HAC ја заокружи на 20,20 евра. Исто така, за разлика од другите услуги, HAC не ги индексираше цените на патарините според инфлацијата, патарината е иста од 2012 година“, велат од HAC.

Велат дека моделот на сезонски цени на патарините е една од поприфатените мерки за финансиско преструктуирање на компаниите од патниот сектор.

„Воведувањето на сезонските цени на патарините за одредени категории возила произлегува од тоа што околу 40% од вкупниот годишен сообраќај се реализира во летните месеци, а на некои автопати бројот на возила во летниот период се зголемува и до три пати во однос на останатиот дел од годината. Како последица на тоа, значително се зголемуваат трошоците за одржување, безбедност, следење и управување со сообраќајот во летните месеци, најголем дел од возилата го сочинуваат групите I.A, I. и II (мотоцикли, патнички возила, патнички возила со приколки и кампери)“, велат од HAC.

Оттаму објавија и споредба на стари и нови цени на пример на неколку делници од автопатот.

Поврзани новости