НАЈНОВО

ЖивотПсихологија

Оптичка илузија – Откријте кои се вашите потсвесни стравови

Во психологијата постојат тестови кои ни помагаат да ги откриеме најдлабоките чувства и што се крие во нашата потсвест. Токму тоа го открива оваа оптичка илузија. Погледнете ја фотографијата и она што прво ќе го видете, ќе го даде одговорот на прашањето од што се плашите.

Мало девојче

Вашите потиснати емоции најверојатно потекнуваат од детството. Тоа може да биде траума од тинејџерскиот период, раното детство или дури и самиот почеток на животот. Односот со мајката е клучен за емоционалниот развој. На пример, ако детето поминало премногу време во болница подалеку од мајката или примило многу малку (или дури и никаква) љубов од мајката во детството, можно е тоа несвесно да се рефлектира во разни стравови, на пр. во страв од носење одлуки.

 Пеперутка

Пеперутката е симбол кој има различни значења. Според толкувачите на соништата, светла и шарена пеперутка е знак на надеж, нови настани во животот. Темна пеперутка со светли ознаки на крилјата, исто како онаа на фотографијата, асоцира на пропуштена шанса за која жалиме. Исто така, пеперутката може да укаже на погрешна доверба или несвесен страв од смрт.

Јагода

Ако прво сте виделе јагода, тоа може да укаже дека се плашите дека вашата љубовна врска ќе заврши лошо или дека ќе се заљубите во некој што не е за вас. Луѓето кои ги имаат овие стравови често се во врски за кои мислат дека немаат иднина. Можно е тоа да е поврзано со лошиот однос на родителите.

Череп

Черепот всушност не е на сликата, но тоа е оптичка илузија во која другите мотиви го создаваат обликот на черепот. Ако сте го виделе, тоа покажува дека се плашите да не бидете разочарани од другите луѓе. Може да се работи и за страв од сопствена смрт или смрт на блиска личност. Причината за овој страв може да биде ситуација од минатото во која сте се чувствувале беспомошни.

Две дрвја

Дрвото е симбол на нашите корени, и во овој случај, двете дрвја формираат мост што може да укаже дека во вас постои конфликт што сè уште не сте успеале да го решите. Дилемите, стравовите или конфликтите со кои се борите и не можете да најдете решение ќе ви бидат полесни доколку побарате помош од некого, некој кој на се ќе гледа без предрасуди.

Поврзани новости