НАЈНОВО

Настани

Петто издание на фестивалот „Весели ѕвончиња“ во Прилеп

Во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп минатата недела по петти пат се одржа детскиот фестивал „Весели ѕвончиња“, кој понуди 15 нови песнички за најмладите.

Дечињата пееја за „Љубовта ме научи“, „Секогаш во џинс“, „Пролет“, „Даниела, Дани, Дани“, „Со другарки на забава“… и со право потврдија дека фестивалчето заслужено од публиката е прогласено за модерен детски светски бренд.

Посетителите уживаа и во маскотата на распеаните весели ѕвончиња, во настапите на магионичари, кловнови, „магичниот спајдермен“ – циркуски точки што за првпат премиерно беа изведени во Прилеп.

За секое детенце имаше подароци, а песничките што беа испеани се новокомпонирани и наменети за деца од 4 до 14 години.

Настапија дечиња од неколку града од Македонија, но најголем број беа од Прилеп.

Поврзани новости