Македонија

Повторно гужви и долги колони на најфрекфентните гранични премини

И денеска долги колони и чекање на најфрекфентните гранични премини „Табановце“ и „Богородица“ можат да се забележат на камерите кои ја пренесуваат состојбата во реално време.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираа дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. „Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица за излез од државата и Табановце за влез во државата. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, стои во соопштението од АМСМ, без да се наведе колку е времето на чекање.

Поврзани новости