Битола инфо

Пожар на ридот над обиколницата на Битола

Попладнево нешто околу 16.00 часот во месноста Баир започна пожар на нискостеблестата шума, кој што според информациите од битолската територијална противпожарна единица започнал во делот над тунелот на магистраниот пат на северниот дел над Битола.

Пожарникарни екипи се на терен, интервенцијата е во тек и се надеваат дека брзо ќе биде спречено натамошното ширење.

Со оглед на топлиот бран со високи температури и активното портокалово ниво на опасност секојдневно се предупредува на опасноста од палење оган на отворено, стрништа и било каков отпад, а доколку се забележи пожар, граѓаните да пријавата на телефоните 112 или 193.

 

 

ФОТО: Фејсбук

Поврзани новости