НАЈНОВО

Забава

Познати првите финалисти на овогодинешниот Евросонг: Србија и Хрватска се пласираа во финалето

Вчеравечер заврши првата полуфинална вечер на Евровизија, а своето место во големото финале го обезбедија 10 земји.

Имено, во финалето кое ќе се одржи на 13 мај ќе се натпреваруваат Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалијa, Шведска, Србија и Норвешка.

По минатогодишната победа на украинскиот оркестар Калуш со песната „Стефанија“ на Евровизија во Торино, традицијата земјата победник да биде домаќин на наредниот Евросонг беше неизвесна поради воените настани кои се случуваа на територијата на Украина, од февруари 2022 година. Имено, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), одлучила Евросонгот оваа година да се одржи во Обединетото Кралство, а британците по рекорден 9 пат се домаќини на оваа музичка манифестација.

Втората полуфинална вечер ќе се одржи два дена подоцна, во четврток на 11 мај, а ќе настапат: Данска, Ерменија, Романија, Естонија, Белгија, Кипар, Исланд, Грција, Полска, Словенија, Грузија, Сан Марино, Австрија, Албанија, Литванија и Австралија.

Финалето на овој музички спектакл ќе го гледаме на 13 мај, во сабота во Арената во Ливерпул.

Поврзани новости