НАЈНОВО

ЖивотЗдравје|ЖивотМода и убавина

Постновогодишно уживање – Совети за релаксација после новогодишната еуфорија

Еуфоријата околу новогодишната ноќ заврши, а после лудите забави е време да се релаксирате, а воедно и да создадете комлетно нова рутина во новата година. Еве неколку совети:

Наполнете ја кадата и запалете етерични свеќи

Етеричните масла и миризливите свеќи влијаат опуштачки на мозокот. Освен тоа топлата бања и купка делуваат уште поблаготворно и ќе ве опуштат од стресот. Секако, дополнете ги нив со некоја одредена јога музика и уживајте во вашиот половина час кој мора да си го дозволите во денот.

Почастете се со масажа

Третманите за масажа ќе ве опуштат, релаксираат и ќе заборавите на болката. Со вистинска медитација при масажа, ќе се ослободите и од психичката напнатост, а не само од физичката болка.

Секое утро пуштајте музика и танцувајте

Секое утро пуштајте музика и танцувајте, но направете нова плејлиста. Музиката ги враќа спомените па создавајте нови и бидете среќни и секогаш позитивни.

Организирајте го домот и работното место

Чисти полици, чист ум. Откако ќе ги средите, организирате, наместите и вратите работите, алиштата, украсите и папирологијата на она место каде што припааѓаат, верувајте дека ќе добиете поинаква слика и чист пат кон согледувањето на ,,проблемите”. Познато е дека хаосот околу вас, уште повеќе ве збунува.

Практикувајте прошетки

Оставете го автомобилот и наместо него се повеќе пешачете или возете велосипед кој ќе го користите како превозно средство. Бенифитите од уште позголемената физичка активност се познати, па време е да работите на хормоните на среќа кои произлегуваат како посакуван резултат.

Пронајдете хоби

Во слободно време правете го токму она што го сакате. Бидете креативни, создавајте, декорирајте, уживајте и имајте време за ,,игра”.

Започнувајте го денот поинаку

Избегнете ја рутината која значи секојдневно будење со проверка на работните обврски, повиците и правење планови. Наместо тоа појадувајте убав и здрав оброк, во пријатен амбиент и добра музика, а после драгоцените ефекти на утрото, започнете со потполно нова енергија.

Поврзани новости