НАЈНОВО

Македонија

Почина Драги Шпага, првиот македонски победник на ријалити-шоу

Првиот македонски победник на едно ријалити-шоу Драги Христов познат како „Шпага“ почина на 52-годишна возраст по кусо и тешко боледување. Драги бил погребан вчера во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство.

Според информациите кои ги објавуваат медиумите, кај него претходно бил откриен рак на белите дробови.

Шпага победи во едно од првити ријалити шоуа во државава, „Тоа сум јас“ на МТВ, во слична продукција како „Големиот брат“.
Христов едвај го преживеа претходното заболување од Ковид-19, кога беше објавено дека 20 часа бил во кома.

Поврзани новости