НАЈНОВО

ЗабаваШоубиз

Почина Лиза Лоринг, првата актерка која ја играше Wednesday во „Семејството Адамс“

Лиза Лоринг, актерката која ја играше Сара Адамс во првата филмска адаптација на „Семејството Адамс“, почина на 65-годишна возраст.

Според Гардијан, Лоринг починала во болница во саботата вечерта, опкружена со своето семејство, изјави нејзината ќерка за Variety.

„Мирно си замина со двете ќерки држејќи ги за раце“, истакна таа.

Авторката Лори Џејкобсон, пријателка на Лиза Лоринг, на Фејсбук напишала дека доживеала срцев удар, „предизвикан од пушење и висок крвен притисок“ и дека била на апаратите три дена пред семејството да одлучи да ги исклучи.

Лоринг ја играше Wednesday Adams од 1964 до 1966 година во првата филмска адаптација за оваа приказна. Таа ја презеде улогата кога имаше само пет години.

Поврзани новости