НАЈНОВО

Битола инфо

Празнична агенда во Голд Фелициа Битола

Голд Фелициа Битола за своите верни посетители подготви неделна агенда кој опфаќа репертоар за сите генерации и љубители на добрата забава.

Од четврток до недела Голд Фелициа нека биде ваша дестинација за вечер помината со одлична музика, вкусна храна и квалитетно вино во комфорен простор кој доловува магични моменти.

Овој четврток Група Калабалак ќе направи супер атмосфера за сите љубители на староградската музика.
Петок и сабота се резервирани за единственото Кабаре Шоу во Македонија кое ексклузивно свој настап има секој викенд на уникатната сцена во Голд Фелициа.

На 8-ми септември КУД “Илинден” од Битола, ансамбалот со скоро 70 годишна традиција со својот настап ќе го одбележи празникот на независноста, во духот на традиционалните вредности со кои се става акцент на македонското духовно и материјално културно наследство.

Дојдете на заедничка дружба и уживање во луксузниот амбиент на единствената Голд Фелициа во Битола.

Инфо & резервации:
☎️ +389 75 316 974
➡️ Новачки Пат бр.14, 7000 Битола
🌐 https://goldfelicia.mk/mk

Поврзани новости