ЖивотМода и убавина

Предлог модна идеја: Костум или одело – Култниот модел со поинаков материјал

Костумот или оделото денес е својствен и сме навикнати да го гледаме и на понежниот пол освен кај мажите. Можеби со тоа жената  покажува една доминантност и моќ, ако веруваме дека секоја облека пренесува своја приказна.

Но, во поглед на модниот избор, исклучувајќи ја (или не) оваа приказна, се инспириравме од костумите целосно изработени од кожа, па решивме да ја споделиме оваа идеја што веруваме дека барем за миг ќе ви се ,,заврти” низ главата. А пак оние најкреативните, доколку го прифатат овој можеби не толку експониран тренд, повеќе од веројатно е дека веднаш ќе замислат како го кројат совршениот модел.

Што се однесува до бојата, сепак на кожата сеуште би и одговарале потемните тонови во стилска еднобојна или монохроматска комбинација, но никогаш не е на одмет да додадете и малку боја.

Со овој мимималистички модел, ние би рекле дека добивате две во едно. Таа приказна за моќта на жената за која зборувавме погоре во редовите и стилски моден погодок во кого без сомнение ќе бидете забележани каде и да одите. Ако ве чека некоја таква пригода, во која би требало да се ,,истакнете”, пробајте со оваа идеја.

Поврзани новости